­
­

 

Кликни на горното лого за да го чуеш текстот!

Најчесто поставени прашања од корисниците на Самовработување за лица со попреченост

   I. Фаза на апликација

ПРАШАЊА

ОДГОВОРИ

-          Кога се објавува оглас/јавен повик за пријавување во Програмата Самовработување за лица со попреченост?

 

Јавниот оглас  за Програмата Самовработување за лица со попреченост е објавен на 16.07.2024 год. и ќе трае до 01.09.2024 година.

Јавниот оглас, се објавува на веб страните на АВРМ и МТСП (www.avrm.gov.mk; www.samovrabotuvanje.mk и www.mtsp.gov.mk), како и огласните табли во центрите за вработување на АВРМ.

 

-          Кој се' може да се пријави за учество во програмата Самовработување за лица со попреченост?

Во програмата може да се пријават работоспособни невработени лица со попреченост.

 

Доколку невработеното лице нема статус на активен барател на работа, мора претходно да поднесе барање и премине во регистарот на активни баратели, а потоа да аплицира за учество во програмата.

 

За подетални информации обратете се кај одговорните лица за програмата Самовработување во надлежните центри за вработување.

Список на вработени лица во центрите за вработување на АВРМ: http://www.avrm.gov.mk/content/pdf/SPISOKZAVRABOTENI.pdf

 

-          Каде можам да се пријавам за учество во програмата?

 

Пријавување на заинтересираните лица се врши лично во вашиот Центар за вработување.

-          Дали треба да регистрирам фирма пред да се пријавам?

НЕ. Во програмата Самовработување може да се пријават само невработени лица кои не се основачи или сопственици на фирма.

-          Како тече постапката за пријавување?

 

Сите заинтересирани невработени лица:

  • треба да се пријават во Центарот за вработување
  • да пополнат Пријава за учество со поддршка на вработени лица од Агенцијата за вработување.
  • да пополнат прашалник со поддршка на вработеното лице од Центарот за вработување и на крај кандидатот
  • да потпишат Изјава за согласност дека сака да учествува во Програмата за самовраобтување.

-          Како можам подобро да се подготвам за пополнување на прашалникот и успешно го поминам овој чекор?

Можете подобро да се подготвите на следниот начин:

 

-    Присуство на информативни средби во Центарот за  вработување, каде ќе добиете јасни информации и препораки за вклучување во програмата Самовработување.

 

-    Индивидуална подготовка преку користење на Прирачникот за развивање на претприемачки вештини, како и следење на видео обуки од областа на претприемништво на веб страницата на Самовработување (www.samovrabotuvanje.mk). Сите материјали се адаптирани за користење, соодветно потребите на лицата со попречеснот.

  II. Фаза на обука

ПРАШАЊА

ОДГОВОРИ

-       Што е улогата на менторот?

Секој кандидат ќе добие менторска поддршка во период од 12 месеци. Во тој период, кандидатот и менторот интензивно заеднички ќе соработуваат и работат низ целиот процес.

 

Менторот за време на обуките ќе ве посоветува и поддржува во развивањето на бизнис идејата, но и ќе даде мислење за вашите предиспозиции за отпочнување на сопствен бизнис. Ова мислење ќе биде земено предвид од страна на Комисијата за евалуација на бизниси идеите.

 

-       Какви обуки треба и можам да посетувам во рамките на програмата?

Во зависност од проценката, може да посетувате:

-          Обука за меки вештини (развој на комуникациски и презентерски вештини, англиски јазик, компјутерски вештини, друго... )

 

За сите кандидати задолжителна е:

-          Обуката за претприемништво и развивање на бизнис вештини

 

Обуките ќе се спроведуваат во работните клубови на центрите за вработување.

Сите обуки ќе бидат прилагодени соодветно потребите на лицата со попреченост.

-       Што се очекува од обуката за претприемништво и стекнување на бизнис вештини?

За времетраење на обуката, кандидатот работи на развивање на сопствената бизнис идеја. Таа треба да претставува краен разултат од обуката.

Доколку има предвидено и дополнителни вработувања (со или без попреченост), ќе може и тие да ја следат обуката.

-       Како ќе дознаам  за резултатот од реализираната обука?

 

По завршување на обуките, и оценка на бизнис идејата, службените лица лично ќе ве известат за резултатите.

-       Откако успешно ќе ја завршам обуката, што е следниот чекор?

По завршената обука, во тесна соработка со менторот, ќе се изработи бизнис план кој ќе се оценува.

III. Фаза на изработка на бизнис план

ПРАШАЊА

ОДГОВОРИ

-          Кој ги оценува бизнис плановите?

 

Оценувањето го врши надворешна Експертска комисија составена од експерти од банкарскиот сектор.

 

-          Како ќе добијам информација дали мојот  бизнис план е позитивно оценет?

По завршување на оценувањето и селекцијата на бизнис планови, списокот на селектирани кандидати ќе биде објавен на веб страниците www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk.

 

-          Во случај да не сум задоволен од оценката на мојот бизнис план, дали имам можност за приговор?

Да. Имате право да поднесете писмен приговор до соодветниот центар за вработување во рок од 5 работни дена.

IV. Фаза на регистрација на фирма и вработување

ПРАШАЊА

ОДГОВОРИ

-    Кој тип на правен субјект е најдобар за регистрација на мојот бизнис?

 

Правните форми кои може да бидат искористени за регистрација зависи од дејноста на бизнисот и ќе бидат дискутирани за време на обуката за претприемништво и информативните работилници.

 

-    Дали можам да вработам и друго лице, поддржано од програмата?

 

Да. Согласно потребите на конкретниот бизнис, ви се дава можност да аплицирате за најмногу две дополнителни вработувања. Доколку ви се одобрат дополнителните вработувања, поддршката ќе изнесува 92.000 денари по лице. Средствата треба да бидат искористени за набавка на опрема и/или материјали.

-    Доколку ми се одобрени дополнителни вработувања кога можам истите да ги вработам?

Во рок од 30 дена после потпишувањето на договорот, имате обврска да ги вработите одобрените дополнителни лица.

-    Дали дополнително вработеното лице/а задолжително треба да биде лице со попреченост?

Не.

-    Од кога треба да почнам да плаќам придонеси?

Обврските за плаќање на придонеси започнуваат веднаш по вработувањето.

 

-    Дали се враќаат парите од грантот?

 

Доколку лицето - корисник на грантот престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на една (1) односно две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето – основач на фирмата има обврска да врати во период од 12 месеци:

      80% во готово од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали,  и/или

      60% во готово од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали, доколку престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот.

 

·         Регистрираниот бизнис кој е поддржан согласно со оваа програма, доколку  по истекот на првите шест (6) месеци од регистрацијата на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на три месеци од денот на доставување на опомената, лицето- корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе започне постапка за враќање на средствата одобрени со грантот.

 

-    Што ако се откажам пред или по регистрацијата на фирмата?

·         Доколку се откажете пред искористување на средствата од грантот, нема никакви санкции.

 

·         Доколку се откажете по регистрацијата и искористувањето на грантот и престанете со вршење на дејност пред истекот на една (1) односно две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот, како основач на фирмата имате обврска да вратите во период од 12 месеци:

        80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали,  односно

        60% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот.

 

-    Ако ми се понуди друга работа, дали можам да се вработам, а на мое место да вработам друго лице?

 

НЕ. Основачот на бизнисот кој припаѓа на целната група – лица со попреченост, нема да може да го отстапи местото и фирмата на друго лице.

-    Дали можете да ми помогнете да ги обезбедам потребните Наоди и мислења, дозволи, решенија или сертификати кои се неопходни при регистрацијата на правниот субјект во Централен Регистар на Р.М?

 

Советникот од Агенцијатга за вработување ќе ви помогне во обезбедувањето на документите за добивање Наод и мислење за определување на работи кои може да ги извршува инвалидното лице на соодветно работно место. Обезбедувањето на документи (дозволи, решенија, сертификати, лиценци и др.) кои се потребни при регистрација на некои правни субјекти е обврска на кандидатот и истата ќе се реализира со поддршка на менторот.

V. Фаза на набавка на опрема и-или репроматеријал

ПРАШАЊА

ОДГОВОРИ

-          Дали средствата добиени со грантот  можам да ги земам во готово, во кеш?

 

Не. Согласно со условите од програмата средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема или материјали/репроматеријали според спецификацијата од изработениот бизнис план.

 

-          Колку изнесува висината на грантот?

 

Висината на грантот изнесува 270.000 денари за набавка на опрема и/или материјали, согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план.

Селектираните кандидати за дополнително вработување добиваат дополнителен грант во висина од 92.000 по лице.

-          Дали може да набавам опрема и репро материјали, а истите претходно не биле предвидени во бизнис планот?

Да, може.

Доставувате барање за промена во спецификацијата за  набавката на опрема и материјал, а ако истото е во согласност со целите, како и во насока на реализација на предвидениот бизнис план.

-          Што може да набавам со парите од грантот?

 

Со средствата од грантот може да набавте опрема и/или материјали согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план.

-          Дали постои рок за користење на средствата или можам да ги користам во било кое време до истекот на важноста на договорот?

 

Да. Рокот на искористување на средствата ќе биде одреден во соработка со ЦВ и Мониторинг Координаторот на УНДП. Секако секој учесник во програмата треба да има во предвид дека средствата од грантот треба да се искористат во што е можно пократок рок по потпишување на Договорот.

-          Дали со средствата од грантот можам да ги покријам трошоците за кирија, комуналии, сметки за тековни трошоци, дозволи и лиценци за работа?

 

Не. Согласно со условите од програмата средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема и/или материјали.

-          Кога можем да ја добијам опремата и материјалите набавени преку програмата?

 

По потпишувањето на договорот за грант корисникот може да започне со реализација на набавките на планираните опрема и/или материјали.

 

Најчести прашања од лица со попреченост
МК © Copyright 2012 | Општина Ресен | Сите права задржани| Powered by EntireLogic